Дома Фудбал Останато Гвардиола во 2006 година патувал 3.000 километри за да се сретне со неговиот тренерски идол

Гвардиола во 2006 година патувал 3.000 километри за да се сретне со неговиот тренерски идол

Пеп Гвардиола сигурно е еден од најдобрите тренери во светот, а за првпат се прослави како тренер на Барселона со која освои се што можеше да се освои.

Гвардиола денес го води Манчестер Сити со кој освои неколку титули, но неговите најдобри денови до сега во кариерата беа во Барселона. Пеп Барса ја превзема во 2008 година и тоа беше негов прв посериозен ангажман.

Уште во првата сезона го воодушеви фудбалскиот свет со освојувањето на тројна круна. Гвардиола воведе неколку револуционерни промени во светот на фудбалот и сигурно дека Барселона која тогаш ја водеше тој беше еден од најсилните тимови во историјата.

Гвардиола во тренерскиот свет имал свој идол, а тоа е легендарниот Марсело Биелса. Последниот клуб во играчката кариера на Гвардиола беше мексиканскиот Дорадос, а тогаш тој веќе размислувал за тренерска кариера.

Неодамна беше објавена биографијата на Биелса кој откри дека со Гвардиола се сретнал во 2006 година. Тогаш Пеп патувал 3.000 километри за да разговара со Биелса бидејќи него го смета за еден од најдобрите тренери на сите времиња.

Се сретнале во близина на Росарио и со часови зборувале за фудбалот. Биелса му дал некој совети на Пеп и му открил она што го интересирало.

„Зборувавме со часови за фудбалот и тоа беше неверојатен разговор. Пеп му кажа на Марсело дека сака да стане тренер. Биелса сакаше да му помогне и му даваше совети, ја забележа неговата желба. И денес останаа во контакт, а Пеп ќе ви каже дека таа средба има големо значење во неговата кариера“, пишува во биографијата на Биелса.

Инаку, како што е познато Биелса денес е тренер на Лидс за кој игра македонскиот фудбалер, Езгјан Алиоски.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Toп 10 највредни клубови во светот: Реал Мадрид на врвот!

Реал Мадрид е највредниот клуб на светот според анализата на реномираниот „КПМГ“. Една од …