Дома Трансфер зона Гатузо има две трансфер желби во јануари

Гатузо има две трансфер желби во јануари

Џенаро Гатузо седна на клупата на Наполи и утре ќе дебитира против Парма, а италијанските медиуми откриваат кои се неговите планови во зимскиот трансфер период.

Гатузо е задоволен со тимот кој го има на располагање и нема да прави големи промени оваа зима, но има две трансфер желби во јануари.

Првата е играчот за врска на Верона, Софијан Амрабат кој оваа сезона игра одлично и го привлече вниманието на големите клубови. Наполи веќе испратил понуда од 12 милиони евра плус бонуси, па се очекува двата клуба наскоро да постигнат договор.

Втората желба е левиот бек на Милан, Рикардо Родригез кој го загуби местото во првиот тим на „росонерите“ и е на излезна врата од „Сан Сиро“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Напаѓачот на Ливерпул се сели во Астон Вила

Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги може да ја продолжи кариерата во Астон Вила, пренесуваа…