Дома Фудбал Останато Габигол во Европа беше катастрофа, а во Бразил пак е гол-машина и ќе игра за репрезентацијата!

Габигол во Европа беше катастрофа, а во Бразил пак е гол-машина и ќе игра за репрезентацијата!

Љубителите на фудбалот сигурно се сеќаваат на Габриел Барбоса – Габигол.

Габигол во 2016 година пристигна во Интер за сума од 30 милиони евра и од него се очекуваше да биде новата бразилска ѕвезда. Се најавуваше како големо засилување, но во Интер не покажа ништо. Во дресот на „нероаѕурите“ одигра само девет натпревари и постигна еден гол.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Интер го испрати на позајмица во Бенфика, но и таму не се прослави. За португалскиот тим Габигол одигра само пет натпревари и еднаш се запиша во листата на стрелци.

После неуспешната авантура во Бенфика се врати во Сантос и таму како да се појави друг играч. Габигол одигра 53 натпревари и постигна 27 голови. Таквите настапи го убедија Фламенго да го доведе и во овој клуб не згрешија.

Габигол сезонава за Фламенго одигра само 15 натпревари и постигна 16 голови!

После ваквите настапи Габигол доби повик од селкторот Тите за пријателските натпревари на Бразил против Сенегал и Нигерија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал го плати 50 милиони евра, па го продава по една сезона

Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува…