Јувентус во четврото коло од Серија А со потешкотии ја победи Верона со 2:1 и тоа по пресврт.
Гостите одиграа одличен натпревар, со оглед на прикажаното не заслужија да загубат, но на крајот пресуди квалитетот кој беше на страната на Јуве. Во продолжението прилика за игра доби Пјаниќ за кого синоќешниот натпревар не беше обичен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Пјаниќ синоќа стигна до 100. победа во дресот на Јувентус во сите натпреварувања. Босанецот е во Торино од 2016. година и во меѓувреме стекна репутација како еден од најдобрите играчи за врска во светот.
За тој период освои три Скудета и два купа на Италија, но и загуби финале во ЛШ во 2017. година. Дресот на најтрофејниот италијански клуб до сега го облече 140 пати и постигна 19 гола.