Дома Фудбал Ханси Флик не жали долго за Араухо, туку брзо најде замена во англиската Премиер лига

Ханси Флик не жали долго за Араухо, туку брзо најде замена во англиската Премиер лига

Фабрицио Романо синоќа објави познатото “Here we go” за позајмицата на Араухо во Ливерпул, со што неговото заминување на “Енфилд” практично доби официјална потврда.

Додека уругвајскиот репрезентативец следната сезона ќе ја помине во Англија, Барселона веќе започна да бара нов централен дефанзивец. Според ексклузивни информации од Хави Ѓорџети, првиот фаворит е Кристијан Ромеро.

Аргентинецот веќе некое време е на радарот на големите европски клубови, а сега би можел да оствари голем трансфер и да се пресели во Барселона.

Наводно, Ханси Флик инсистира на доведување проверен централен дефанзивец, а Ромеро совршено се вклопува во профилот на играч каков што германскиот стручњак сака да има во својот тим.

Станува збор за дефанзивец кој веќе се има докажано на највисоко ниво, како во клубската така и репрезентативната фудбалска арена. Неговите квалитети особено би можеле да одговараат на бараниот стил на игра на Флик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер му ја даде најубавата ноќ во кариерата, а сега му доаѓа во Мадрид: Мурињо ги исклучи емоциите!

Ждрепката за Лигата на шампиони се погрижи за еден од најемотивните натпревари во кариерат…