Дома Фудбал Мекгрегор успешно опериран: Коленото е средено, се враќам посилен од кога било

Мекгрегор успешно опериран: Коленото е средено, се враќам посилен од кога било

Поранешниот УФЦ шампион Конор Мекгрегор денеска објави преку социјалните мрежи дека успешно бил опериран откако го скинал менискусот и предниот вкрстен лигамент на коленото.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ирецот објави видео во кое потврди дека операцијата помина без компликации и истакна дека веќе започнал со процесот на опоравување. Неговата цел е да се врати во октогонот за последната борба од актуелниот договор со УФЦ за време на Меѓународната недела на борби во лето 2027 година.

“Коленото е средено, операцијата беше успешна и веќе сум на патот на опоравување. Наоѓам инспирација во луѓето како Доминик Круз, кој повеќепати се враќаше по тешки повреди и повторно го освојуваше појасот, како и Жорж Сен-Пјер, кој по две повреди на вкрстените лигаменти продолжи да постигнува неверојатни нешта. Тука се и Том Брејди и други спортисти кои покажаа дека враќањето е возможно. Мојот менталитет е незапирлив и несрушлив”, порача Мекгрегор.

Со 38 години, некогашната најголема ѕвезда на УФЦ сака уште еднаш да се врати во октогонот и да ја заврши својата авантура во организацијата со победа, иако многумина сметаат дека тоа ќе биде исклучително тежок задачата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ханси Флик не жали долго за Араухо, туку брзо најде замена во англиската Премиер лига

Фабрицио Романо синоќа објави познатото “Here we go” за позајмицата на Араухо …