Дома Фудбал Француски судија обвинет за семејно насилство – му се заканува 18 месеци затвор

Француски судија обвинет за семејно насилство – му се заканува 18 месеци затвор

Обвинителството во Ним побара условна затворска казна од 18 месеци за Абделатиф Кераџи, 40-годишен судија од првата француска фудбалска лига, кој е обвинет за семејно насилство. Судскиот процес се однесува на два наводни инцидента кои се случиле на 13 март во Кабејрак и на 13 мај во Ним, а објавувањето на пресудата е закажано за 19 август.

Неговата поранешна партнерка на судењето изнесе сериозни обвиненија. „Ме фати за врат, ме навреди и ме влечеше за коса неколку метри, па ме фрли на земја. Постојат големи разлики помеѓу насмеаниот и ведар човек каков што се претставува јавно, и приватната личност – крадец и манипулатор. Бев под негово влијание“, изјави таа.

Кераџи, од друга страна, негира било какво насилство. “Сè што направив беше во обид да избегнам удар, бидејќи мојата поранешна партнерка беше многу агресивна кон мене. Ова е голема неправда. Се чувствувам како во кошмар. Откако овој случај стана јавен, поминувам низ пекол. Таа сака да ми ја уништи кариерата”, изјави судијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер му ја даде најубавата ноќ во кариерата, а сега му доаѓа во Мадрид: Мурињо ги исклучи емоциите!

Ждрепката за Лигата на шампиони се погрижи за еден од најемотивните натпревари во кариерат…