Дома Македонски спорт Вториот Македонец во Шкотска: Сакам да го направам истото како и Миовски

Вториот Македонец во Шкотска: Сакам да го направам истото како и Миовски

Македонија од минатото лето покрај Бојан Миовски доби и уште еден претставник во шкотскиот фудбал.

Фудбалерот од средниот ред Давор Здравковски го засили средниот ред на Мадервел. Здравкоски во Шкотска пристигна од кипарскиот АЕЛ и досега собра 11 настапи во првенство. За разлика од Миовски тој игра во средниот ред, меѓутоа има амбиции да се истакне како што тоа во моментов го прави напаѓачот на Абердин.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Благодарен сум на можноста да играм во земја како Шкотска. Македонија е мала земја и имам многу пријатели кои никогаш не добија шанса да играат во странство, знам колку е тешко да добиете ваква можност. Но, не сакам да застанам тука, сакам да работам напорно и да станам стандарден во мојот тим.

Се познавам со Бојан Миовски од младинските категории на Македониај, имаме одличен однос, разговарав со него пред да дојдам тука. Игра навистина одлично во Абердин, сакам и јас да го направам истото. Не велам дека ќе тргнам по неговите стапки бидејќи сме различни личнсоти, но сигурно е позитивен пример за мене“, изјави Здравковски.

Здравковски наредниот месец ќе наполни 26 години, досега двапати беше повикан во репрезентацијата на Македонија, но се уште не дебитирал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонскиот дрес еден од најубавите во историјата на ЕП

Познатиот фудбалски магазин „Фор Фор Ту“, објави листа од топ 10 дресови на Европските прв…