Дома Фудбал Италија Во Рома се подготвува голема „чистка“ – ќе се заштедат 50 милиони евра!

Во Рома се подготвува голема „чистка“ – ќе се заштедат 50 милиони евра!

Штедењето на Рома ќе биде присутно и во следните неколку години „волчицата“ ќе мора да внимава со доведување на нови фудбалери поради големиот број играчи на платниот список.

Неколку фудбалери би требало да го напуштат Рим на крајот од оваа сезона, а како што пренесува „Газета“ на некои нема да им бидат обновени договорите за позајмица, а на други ќе им завршат.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Расмус Кристенсен, тој ќе се врати во Лидс, Ренато Санчез во ПСЖ, а Хјусеин во Јувентус.

Нови договори нема да им бидат понудени на Руи Патрисио и Пјетро Буро, голмани кои ќе бараат нова средина.

Рома ќе претрпи повеќе промени бидејќи нема да го купи Лукаку од Челзи за 43 милиони евра, меѓу другото и поради тоа што платата на овој фудбалер е превисока (13,8 милиони евра на годишно ниво). Покрај тоа, има играчи на позајмица во Рома како Анхелињо, Љоренте и Азмун кои многу лесно би можеле да го напуштат клубот.

Исто така, Леонардо Спинацола е фудбалер чиј агент во јануари изјави дека ќе го напушти клубот, но можеби работите сега се промените бидејќи Де Роси по доаѓањето на клупата посериозно смета на него.

Најавите се дека доколку се остварат најголем дел од овие планови на Рома, тимот би заштедил најмалку 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Милевски откри од кои фудбалери очекувал повеќе денеска

Македонската фудбалска репрезентација денеска одигра само реми против Фарски Острови (1:1)…