Денес како од ВМФЛ – ЗАПАД, се играа натпревари и на Истокот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Дербито се играше во Струмица каде што тимот на Каменица Саса успеа да слави против Беласица со голот на новото засилување за Каменица Саса, Дарко Алексовски – Пеле.




Пред прилепчани Победа ја оправда фаворитската улога и го прегази Осогово со 3:0. Два гола постигнаа Спирковски и Бошевски, по еден Најдов и Јошевски.




Минимална победа забележа Кит-Го кој се врати дома во Пехчево против Кожуф. Натпреварот беше решен во самиот финиш со голот на Ангелов. ТИМ Локомотива исто така дојде до минимална победа против Братство.