
После хет-трикот против Велешта Филип Петковски повторно беше клучен за нова победа на Вардар, денес црвено-црните ја добија Беса од Добри Дол со 1:0.
Одлучувачкиот момент се случи на 12 минути пред крајот кога Петковски го постигна голот и обезбеди победа со која Вардар остана во трката барем за второто место во баражот.
Главниот ривал на Вардар Воска победи на гости кај Велешта, додека Силекс без проблеми дома го доби Тетекс со 3:1 и продолжи сигурно да чекори кон експресно враќање во првата лига.
Охрид со 4-2 го победи Гостивар, а Кораб славеше кај Кадино со 3-1 за да дојде до четвртото место на табелата после ова 14-то коло во Втората лига – Запад.
На врвот на табелата Силекс има 38 бода, Воска 29, Вардар 26, Кораб 19…
Фото: ФК Вардар