Лудилото кое го следи секој натпревар помеѓу Ривер и Бока, е посебно големо сега кога два пати беше одложуван реваншот во финалето од Копа Либертадорес, за на крајот натпреварот да се пресели на шпанско тло.
После информацијата дека долгоисчекуваниот реванш ќе се игра во Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ цените за влезниците достигнаа огромни цени.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Веб страницата на која започнаа да се продаваат влезниците падна после само неколку часа. Многумина сакаат да си резервираат место за овој историски натпревар, а најмногу тоа се Аргентинци кои живеат во Шпанија (ги има околу 70.000).
Цените на влезниците во слободна продажба се движат од 80 до 220 евра, но како што натпреварот ќе се приближува извесно е дека навивачите кои патуваат од Буенос Аирес нема да имаат прилика да стигнат до ова вредно парче хартија.
Поради тоа на интернет се појавија понуди од Шпанци кои влезниците ги вреднуваат и по цена од 3.000 евра! Цената би можела и дополнително да порасне пред реваншот кој се игра во недела.