Дома Фудбал Вистинско богатство: Погледнете колку заработи ПСЖ од продажба на дресови за само три дена

Вистинско богатство: Погледнете колку заработи ПСЖ од продажба на дресови за само три дена

ПСЖ за само три дена заработи богатство од продажбата на дресови на Лео Меси.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во Париз сите лудуваат по Меси, откако Аргентинецот во вторникот потпиша двегодишен договор со ПСЖ, а службено беше претставен во средата на прес-конференција.

Според информациите на Марка, ПСЖ продал 832.000 дресови на Меси и веќе ја надмина сумата од 100 милиони евра.

Нормално, не оди целата сума на сметка на клубот. Според информациите на шпанскиот дневник, за ПСЖ оди 10% од секој дрес. Останатите средства одат за производителот, американската фирма Најк.

Како и да е, во само неколку дена ПСЖ само од продажба на дресови заработи околу 10 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аргентинците бараат да се повтори финалето на Светското првенство: Повеќе од 100.000 луѓе потпишале петиција

Дел од аргентинските навивачи тврдат дека финалето против Шпанија го одбележало „корумпира…