Дома Фудбал Останато Винисиус би го напуштил Реал Мадрид само за еден клуб

Винисиус би го напуштил Реал Мадрид само за еден клуб

Бразилецот Винисиус Жуниор во овој момент е еден од најдобрите фудбалери во светот и важи за главен фаворит за „Златната топка“ на церемонијата која ќе се одржи во понеделник во Париз.

Сега Винисиус откри кој клуб е негова „слаба точка“ и од кој не би одбил понуда ако го повика.

„Не би имал проблем цела кариера да ја поминам во Реал Мадрид, но мојот омилен клуб е Фламенго. Се заљубив во Мадрид, меѓутоа ако се појави опција да го облечам дресот на Фламенго веројатно ќе го направам тоа“, изјави Винисиус.

Во Реал Мадрид Винисиус пристигна во 2018 година и со „кралевите“ има договор до 2027 година. Неодамна се шпекулираше дека пред него има астрономска понуда од Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Четири англиски гиганти планираат удар врз Манчестер Сити: Се работи за повеќе од 200 милиони фунти.

Проблемите за Манчестер Сити би можеле да станат уште поголеми. Откако нејзина независна к…