Дома Фудбал Останато ВИДЕО: Тинејџерот на Бенфика постигна гол, па го прослави со помладиот брат кој собираше топки

ВИДЕО: Тинејџерот на Бенфика постигна гол, па го прослави со помладиот брат кој собираше топки

0

Младиот португалски фудбалер, Жоао Феликс оваа сезона е вистинска сензација во светот на фудбалот.

Овој 19-годишен фудбалер е вистинско откритие во дресот на Бенфика, бидејќи оваа сезона игра навистина одлично. Со своите натпревари го привлече интересот на многу клубови и ќе биде вистинско чудо доколку Бенфика успее да го задржи во своите редови по оваа сезона.

Жоао Феликс синоќа постигна гол за Бенфика во победата против Виторија Сетуба и тоа беше негов 16. гол оваа сезона. По тоа ги воодушеви сите, бидејќи го прослави во прегратка со неговиот помлад брат Хуго.

Имено, неговиот 15-годишен брат е исто така член на младинската селекција на Бенфика, а синоќа беше задолжен да ги собира топките зад голот. Го прославија заедно со остатокот од фудбалерите кои на Хуго сигурно му го дадоја најдобриот момент во животот.


Следете го Sportski.mk и на


 

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Диего Коста направи уште еден голем скандал

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста денеска направи уште еден голем скандал. Бразиле…