Дома Фудбал Останато ВИДЕО: Нејмар проговори за Реал Мадрид

ВИДЕО: Нејмар проговори за Реал Мадрид

0

Бразилецот Нејмар повеќе не може да ги поднесе прашањата за Реал Мадрид.

Нејмар синоќа беше брилијантен против Селтик во Лигата на Шампионите, постигнувајќи два гола за ПСЖ, а новинарите по натпреварот повторно ги интересираа само шпекулациите. Потсетуваме, Бразилецот веќе неколку недели се поврзува со Реал Мадрид бидејќи наводно не е задоволен и среќен во Париз, а француските медиуми синоќа се обидоа да извлечат од него некои информации.

Сепак, кога го слушна прашањето за Реал Мадрид во микс зоната, Нејмар само коментираше „здодевни сте“ и си замина. Потсетуваме, Бразилецот оваа сезона игра одлично во дресот на ПСЖ и на 14 натпревари во сите натпреварувања постигна 13 гола и запиша дури девет асистенции.


Следете го Sportski.mk и на


Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мурињо покрена истрага – Го бара шпиунот во соблекувалната

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ремизираа минатиот викенд на гостувањето против Челзи (2…