Дома Останати Тенис ВИДЕО Нереални сцени. Илјадници пчели ги нападнаа Алкараз и Зверев во Индијан Велс

ВИДЕО Нереални сцени. Илјадници пчели ги нападнаа Алкараз и Зверев во Индијан Велс

Карлос Алкараз го совлада Александар Зверев со 6:3, 6:1 во четвртфиналето на Мастерсот во Индијан Велс, но по тој меч никој не зборува за играта или за резултатот од мечот.

Главна тема се надреалните сцени кои предизвикаа прекин на мечот во првиот поен од третиот гем во првиот сет. Тогаш теренот и трибините во калифорниската пустина беа погодени од инвазија на пчели. Тие прво го нападнаа Алкараз, а потоа и судијата. Следен беше Зверев. На крајот, големите роеви се свртеа кон публиката.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ситуацијата накратко ја спаси дрон. Леташе и собра многу пчели и со нив се вивна во небото, за да ги оддалечи што подалеку од играчите, судиите и публиката. Тениските натпревари се прекинати поради многу причини, но ова е веројатно првпат да биде предизвикано од пчели и тоа илјадници од нив.

Видеото погледнете го ТУКА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Надал после две години победи на земја

Рафаел Надал денеска го одигра својот прв натпревар по пауза од 103 дена и запиша лесна по…