Дома Фудбал Англија Видео: Манчестер Сити шокиран, Арсенал и Челзи рутински

Видео: Манчестер Сити шокиран, Арсенал и Челзи рутински

Во попладневните натпревари во Премиер лигата го видовме најголемото изненадување – Манчестер Сити загуби на „Етихад“ од Вулверхемптон.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Тоа е голем удар за „граѓаните“ кои сега заостануваат осум бода зад првопласираниот тим на Ливерпул.

Како и што беше очекувано, тимот на Гвардиола доминираше на теренот, но не успеа да ги искористи своите шанси.

Пред самиот крај на натпреварот „волците“ преку контранапад дојдоа до предност со голот на Адама Траоре, а неколку минути подоцна истиот играч ги постави конечните 0:2.

Арсенал славеше против Борнмут со голот на Давид Луиз на стартот од мечот.

Челзи беше убедлив на гостувањето кај Саутемптон и славеше со 1:4, а стрелци за „сините“ беа Абрахам, Маунт, Канте и Батчуаи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неговата приказна во Мадрид е завршена: Реал се откажа од голема ѕвезда!

Реал Мадрид донесе голема одлука. Францускиот репрезентативец Орелиен Чуамени не е во план…