Играчите на Ред Бул Салзбург се воодушевени што во Лигата на Шампионите ќе играат против Ливерпул.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Салзбург се наоѓаше во третиот шешир за време на ждрепката од групната фаза во Лигата на Шампионите, а на крајот им се падна Ливерпу, заедно со Наполи, додека нешто полесна задача ќе имаат во двомечот против Генк. Она што е сигурно, никој, како играчите на австрискиот шампион, не се радуваа на натпреварите против Ливерпул.
Погледнете ја реакцијата на играчите на Салзбург кој заедно го следеа ждребот во четвртокот, кога беа извлечени групите од Лигата на Шампионите за следната сезона. Инаку, Салзбург како шампион на Австрија поради големиот коефициент доби директно место во групната фаза и не мораше да игра квалификации, каде што обично немаше среќа.