За виновник за поразот на Оклахома од Сан Антонио (99:103) сите го прогласија Расел Вестбрук.
Оклахома на 20 секунди до крајот имаше напад за продолженија, но Вестбрук после само неколку секунди се одлучи за шут од дистанца и го промаши целиот кош!
Russell Westbrook just took one of the worst shots in NBA history pic.twitter.com/xNXTY73Pfg
— Drew Shiller (@DrewShiller) March 30, 2018
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа не е единствената глупост која актуелниот МВП играч ја направи во завршницата. Во последните пет минути изгуби дури три топки, а во тој период погоди само еден од пет обиди.
Обидот за тројка при резултат 99:99 ги налути неговите соиграчи, а Кармело Ентони кој беше слободен на другата страна на паркетот иронично му аплаудираше.