Дома Фудбал Италија (Видео) ДОМИНАНТЕН Наполи, Мартенс постигна Лоб за паметење, минималец на Јуве, „росонерите“ сигурни!

(Видео) ДОМИНАНТЕН Наполи, Мартенс постигна Лоб за паметење, минималец на Јуве, „росонерите“ сигурни!

Денес во рамките од петото коло од Серија А во вечерчниот термин од 20:45 се одиграа осум натпревари.

Актуелниот шампион екипата на Јувентус забележа минимална победа од 1:0 над Фиорентина. Гостите од Фиренца вечера во поголемиот дел од натпреварот пружија сосема солиден отпор против фаворитот во овој натпревар. Првиот дел помина без посериозни шанси и на двете страни, Јувентус трпеливо ја чекаше својата шанса. На стартот од вториот дел во 52 минута, Колумбиецот Квардадо од десната страна упати топка во срцето на шеснаесетникот, Гонзало Игуаин не успеа да дојде до таа топка, но затоа Марио Манџукиќ се најде на вистинското место и со глава ја смести топката во мрежата на гостите. Нешто подоцна Квардадо повторно на сличен начин упати топка пред голот на Спортиело, но овој пати ниту Манџукиќ ниту Игауин не успеаа истата да ја сместат во мрежата. На крајот голот на Хрватот се покажа како одлучувачки па Јувентус ги однесе сите три бода од овој натпревар.

Во дербито на колото Лацио кој минатото коло го совлада Милан со 4:1, овој пат беше поразен на свој терен во Рим и тоа од перфектниот Наполи кој заедно со Јувентус после пет кола имаат максимален учинок. Лацио добро стартуваше и поведе преку Холанѓанецот Де Вриј во 30 минута, домаќините предноста успеаа да ја задржат до крајот на првиот дел. Но во вториот дел машинеријара од Неапол се разбуди и во период од само пет минути од 54 до 59 минута успеаа да постигнат три погодоци и тоа преку Кулибали, Каљехон и Мартенс. Конечните 1:4 ги постави Жоргињо од пенал во финишот од средбата.





„Росонерите“ во ова коло успеаа да дојдат до победа од 2:0 во натпревар против новајлијата во Серија А, екипата на СПАЛ. Милан во овој натпревар беше апсолутно подобриот тим на теренот, но и покрај тоа избраниците на Виченцо Монтела не успеаа да стигнат до погодок од игра. И двата погодоци домаќините ги постигнаа со удари од белата точка, прво Родригез во 26 минута го отвори резултатот, а Кеси после еден час игра ги постави конечние 2:0.


Во останатите натпревари Аталанта во натпреварот со најмногу погодоци вечерва го совлада Кротоне со 5:1, Сасуоло запиша гостинска победа против Каљари од 0:1. Џенова и Киево одиграа реми 1:1, Торино на гости го совлада Удинезе со 2:3, додека Верона и Сампдорија одиграа натпревар без погодоци.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Играчот за кого Роналдо рече дека е подобар од него: Славата го уништи, кокаинот го однесе во затвор

Го споредуваа со Фиго, требаше да биде дел од новата генерација на Португалија предводена …