Дома Фудбал Англија Видео: „Граѓаните“ во шок, „ѓаволски“ добро полувреме на Јунајтед

Видео: „Граѓаните“ во шок, „ѓаволски“ добро полувреме на Јунајтед

Манчестер Јунајтед го одигра најдоброто полувреме оваа сезона и има висока предност од 2:0 на гости кај градскиот ривал.

Рашфорд во 22-та минута беше фаулиран во казнетиот простор, а судијата со помош на ВАР досуди пенал. Рашфорд беше прецизен и го донесе Јунајтед во предност од 1:0.

Додека „граѓаните“ беа во шок гостите можеа до врв да ја наполнат нивната мрежа. Рашфорд промаши чиста шанса во 25-та минута, а само минута подоцна ја погоди пречката.

Марсијал во 29-та минута погоди за 2:0 и висока предност на „црвените ѓаволи“ на полувремето.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фердинанд „згрме“ после новиот срам на Јунајтед: Седам тука и се срамам! Што е купено!?

После новиот срам на Манчестер Јунајтед „згрме“ легендарниот фудбалер на овој клуб Рио Фер…