Дома Останати Кошарка Видео: Вестбрук со нов трипл-дабл!

Видео: Вестбрук со нов трипл-дабл!

Расел Вестбрук, ѕвездата на Оклахома, уште на почетокот на сезоната ја истакна кандидатурата за МВП на сезоната. Вестбрук против ЛА Лејкерс го забележа вториот трипл-дабл, во третиот сезонски натпревар и на вечната листа се израмни со Џери Лукас, Оскар Робертсон и Меџик Џонсон.

Оклахома победи во „Стејплс Центарот“, во Лос Анџелес 113:96, а Вестбрук го предводеше тимот со 33 поени, 12 скокови и 16 асистенции. Вестбрук стана прв играч во историјата на НБА лигата, кој на првите три натпревари во сезоната имач учинок од најмалку 100 поени, 30 скокови и 30 асистенции.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Голден Стејт славеше над Феникс 106:100, а мечот го обележа довчерашниот соиграч на Вестбрук, Кевин Дурант кој постигна 37 поени. Дурент стана првиот играч во клупската историја Голден Стејт кој на првите три средби во сезоната постигнал повеќе од 100 поени. Таков учинок пред Дурант имал само легендарниот Вилт Чембрлен во сезоната 1959/1960.

Резултати:
ЛА Клиперс – Јута 88:75
Детроит – Милвоки 98:83
Мајами – Сан Антонио 99:106
Феникс – Голден стејт 100:106
Оклахома – ЛА Лејкерс 113:96
Хјустон – Далас 93:92
Мемфис – Вашингтон 112:103

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Партизан за малку не го постави најлошиот рекорд во клупската историја

Кошаркарите на Партизан вечерва беа поразени во Каунас од екипата на Жалгирис со резултат …