Во воведниот меч од Премиер лигата екипата на Арсенал со високи 4:1 победи на гостувањето кај Сандерленд, а добра вест за Венгер е што проработи Оливие Жиру.
Арсенал во првиот дел беше подобар тим, а надмоќта ја искористи преку Алексис Санчез кој во 19-та минута го постигна првиот гол и со тој резултат се замина на одмор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во вториот дел, поточно во 65 минута судијата Еткинсон досуди пенал за „црните мачки“ кој во гол го претвори Џермејн Дефо, но потоа на сцена стапија „топџиите“.
До крајот на натпреварот уште еднаш погоди Санчез, а два гола постигна Оливие Жиру кој во игра влезе во 67-та минута.