Дома Фудбал Останато Ветено, исполнето: Ањели трансферот на Роналдо го најавил во 2012 година!

Ветено, исполнето: Ањели трансферот на Роналдо го најавил во 2012 година!

0

Јувентус вчера го официјализираше трансферот на Кристиано Роналдо и така го реализираше еден од најголемите трансфери во историјата на фудбалот.

Роналдо од редовите на Реал Мадрид премина во Јувентус за сума од 100 милиони евра (исплатена на две рати). Секако сите фудбалски фанови беа изненадени од мега трансферот кој ја потресе Европа, но набрзо потоа се појави и изјава на претседателот на Јувентус, Андреа Ањели дадена во јули 2012 година.

Во тоа време Јувентус ја започнуваше својата доминација во Италија, а Ањели повика на трпение помеѓу навивачите.

„Треба трпение, за пет години Јувентус ќе може да купи играч каков што е Кристиано Роналдо“, гласеше изјавата на првиот човек на „старата дама“.


Следете го Sportski.mk и на


Денес оваа изјава на Ањели изгледа како вистинско предвидување, но и е доказ дека во Јувентус се работи со планови за долг период.

 

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Емери го „закова“ на клупата, а тој си замина со 10 милиони евра – сега ќе има прилика за одмазда!

Aрсенал во Лигата на Европа ќе игра против Рен, а во центарот на вниманието ќе бидат две л…