Дома Фудбал Италија Верона падна во Торино: Јувентус има „пет од пет“

Верона падна во Торино: Јувентус има „пет од пет“

Како што одминува сезоната во Серија А, Јувентус почнува да фаќа приклучок во горниот дел на табелата во Серија А и ја забележа петтата победа во низа во италијанското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вечерва „старата дама“ направи нов чекор напред откако ја победи Верона. Верона беше победена минимално со 1:0. Не доминираше премногу Јувентус, посебно не во првото полувреме.

Ова беше натпревар со малку шанси, Јувентус ја имаше топката, а Верона знаеше од време на време да испрати некоја закана. Одлучувачкиот гол на натпреварот го постигна Моис Кин после еден час игра.

Во финишот од натпревар Алекс Сандро заработи црвен картон за еден прекршок пред шеснаесетникот, меѓутоа резултатот не се промени. Јувентус сега е трет со 28 бодови, два помалку од Милан и десет од лидерот Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Одлуката на Нико Паз ги налути луѓето во Реал Мадрид

Решението на Нико Пас да остане во Комо во сезоната 2026/2027 предизвика незадоволство во …