Дома Фудбал Репрезентации Вентура го соопшти списокот, Италија без Балотели ги пречекува избраниците на Ангеловски

Вентура го соопшти списокот, Италија без Балотели ги пречекува избраниците на Ангеловски

Селекторот на Италија го соопшти списокот од 25 играчи за претстојните натпревари во кои Италија ќе игра против нашата и репрезентацијата на Албанија.

Поради убедливиот пораз од Шпанија, на „Бернабеу“ на почетокот на септември, „Аѕурите“ патот до Русија ќе мораат да го обезбедуваат преку баражот, бидејќи веројатноста да завршат пред Шпанците во нашата група е навистина мала.

За Италија да го обезбеди второто место во групата потребна им е уште една победа или по бод од двата натпревари.

Селекторот на Италија, Вентура,  го соопшти списокот за овие две средби, а на истиот немаше место за Марио Балотели.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Официјално: Серија А продолжува на 20 ти јуни, седум дена претходно италијанскиот Куп!

Денес се одржа клучниот состанок на кој се одлучуваше судбината на Серија А и беше донесен…