Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер повторно не беше задоволен од судиските одлуки.
Синоќа неговиот тим на својот Емирати одиграа нерешено со Челси 2:2, а до бод стигнаа кога Хектор Белерин постигна погодок во 92. минута.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Судиите повторно донесоа одлука против нас, па од сега мора да го земеме в предвид фактот дека ќе се соочуваме со вакви работи.“
„Не се откажавме, игравме до крајот. Мислам дека прикажавме добар фудбал. Вистинските љубители на фудбалот сакаат вакви натпревари, сите ќе зборуваат за тоа, но лоша страна е што повторно видовме лоши судиски грешки. Такви работи на нас често се случуваат.“
Францускиот стручњак исто така ја прокоментира ВАР технологијата.
„Искрено, не сум оптимист по тоа прашање. Не верувам дека толку работи ќе се променат. Главно сакам да зборувам околу играта и играчите, а не за судиите и нивните одлуки.“ – заклучи шефот на клупата на Арсенал.