Дома Фудбал Англија Велбек опериран по втор пат – враќањето неизвесно!

Велбек опериран по втор пат – враќањето неизвесно!

Фудбалерот на Арсенал, Дени Велбек поминува низ тежок период, откако втор пат подлегна на оперативен зафат после фрактурата на ногата.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Англискиот репрезентативец се повреди на дуелот со Споринт Лисабон во натпревар од Лига Европа и за само четири дена мораше да му бидат направени две операции.

Според официјалната веб-страница на „Топџиите”, двете операции биле успешни, без компликации. Сепак, се уште е неизвесно колку време Велбек ќе биде надвор од терените.

„Поради сериозноста на фрактурата Велбек мораше и втор пат да биде опериран. Втората операција не е изненадување, бидејќи неговата скршеница спаѓа во знакот на тешки повреди. Велбек почна со процесот на рехабилитација и се уште е рано да се каже терминот за неговото враќање на терените“, стои во соопштението од Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Трамп: Во ред е репрезентацијата на Иран да игра на Светското првенство

Американскиот претседател Доналд Трамп во разговор со новинарите изјави дека е “во р…