Уште еден од клучните играчи на Вардар од минатата сезона Филип Најдовски е промовиран во Тирана каде што му се придружи на Кристијан Тошевски кој пред неколку дена потпиша за овој клуб.
Најдовски вчера си замина од Вардар и тој е последен во низата фудбалери од првиот тим кој го напуштија клубот поради финансиската криза. Со Тирана Најдовски потпиша договор на две години.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Во редовите на Вардар тој помина ве години и со својата борбеност ги освои срцата на навивачите. Во кариерата претходно настапуваше за Тетекс, Победа, Напредок и Цементарница, беше дел и од младинските категории на репрезентацијата на Македонија.
Со ова заминување на Најдовски Вардар скоро и да остана без искусен играч во одбраната.