Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар испрати порака и „фаќа“ сеир: Ние држиме дистанца! (ФОТО)

Вардар испрати порака и „фаќа“ сеир: Ние држиме дистанца! (ФОТО)

Како во цела Европа (освен Белорусија) и кај нас е стопиран фудбалот поради пандемијата од коронавирусот.

Вардар во овој момент е лидер во првенството кое не се знае кога ќе продолжи. Црвено-црните на табелата имаат 10 бода предност во однос на второпласираниот Силекс. Таа ситуацијата и препораките од Министерството за Здравство Вардар ги искористи за во време кога нема спортски настани да „фати“ сеир на останатите екипи.

“ФК Вардар се придржува на мерките и препораките за заштита и превенција од Ковид-19 дадени од страна на Миниестерството за дравство o и одржува социјална дистанца“, стои во описот на сликата со табелата во првенството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Се спрема спектакл во Битола: „Чкембари“ ќе го слават 35. роденден!

Eдна од најдобрите македонски групи сигурно е онаа на Пелистер – Чкембари. Денес „Чкембари…