Дома Фудбал Англија „Ван Де Бек тренираше и 10 часа дневно, Погба доцнеше на тренинзите и пак добиваше предност на натпреварите“

„Ван Де Бек тренираше и 10 часа дневно, Погба доцнеше на тренинзите и пак добиваше предност на натпреварите“

Летото 2020 година Дони Ван Де Бек пристигна во Манчестер Јунајтед како големо засилување.


Од втора лига, до спасител на Германија - 12 ден ↓↓↓



За него „црвените ѓаволи“ платија 40 милиони евра на Ајакс. Меѓутоа во наредните две години тој беше максимално маргинализиран во тимот на Јунајтед и одигра само 19 минути. Не му помогна ниту позајмицата во Евертон од шест месеци и таму не се прослави.

Сега во јавноста за ситуацијата на Ван Де Бек зборуваше неговиот агент, Гвидо Албертс кој ги критикуваше тренерите во Јунајтед поради толерирањето на Пол Погба.

„Ван Де бек беше толку среќен што преминува во Јунајтед, но со текот на времето беше се повеќе и повеќе разочаран. Дони не е човек што инсистира да игра секогаш, спремен е да се бори за минутажа.

Најголемиот проблем беше што го имаше истото место со Пол Погба. Погба знаеше да задоцни на тренинг и само да се извини и да продолжи да биде стартнер на сите наредни натпревари. Од друга страна Ван Де Бек тренираше и по 10 часа дневно за да се докаже, но никогаш не доби вистинска шанса на натпреварите“, изјави Албертс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Проблеми за Швајцарија: Вирус во репрезентацијата пред дербито со Србија!

ЕКСКЛУЗИВНО: 50 БЕСПЛАТНИ СПИНОВИ БЕЗ ДЕПОЗИТ - РЕГИСТРИРАЈ СЕ НА МОЦАРТ! Со проблеми се с…