Играчот на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек е уморен да чека шанса да стигне до првиот тим на „црвените ѓаволи“.
24-годишниот Холанѓанец веќе започнал да бара нов клуб, а интересно е што се насочил кон Реал Мадрид, пренесуваат холандските медиуми.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ван де Бек не може да го убеди Солскјер да добива поголема минутажа. Минатата сезона настапи само на 19 меча во Премиер лигата, а од почетокот на сезоната одигра само 6 минути.
Холанѓанецот му дал насоки на својот агент да му договори трансфер во Реал Мадрид. „Кралевите“ во минатото покажуваа интерес за Ван де Бек, па играчот се надева дека интересот може да се обнови, особено ако Реал се ослободи од Иско и Себаљос во јануари.
Меѓутоа, конкуренцијата во средниот ред на „кралевите“ е голема, особено после доаѓањето на Камавинга, па тешко дека ќе бидат заинтересирани за овој трансфер.