Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед засилувањето од 35 милиони го продаде за 500.000 евра

Манчестер Јунајтед засилувањето од 35 милиони го продаде за 500.000 евра

Дони ван де Бек е најголемо промашување за Манчестер Јунајтед. Холанѓанецот дојде на „Олд Трафорд“ од Ајакс за 35 милиони фунти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Манчестер Јунајтед се обиде да му најде нов клуб, но ниту Евертон, ниту Ајнтрахт Франкфурт не сакаа да го купат во целост и го вратија назад по крајот на позајмиците.

Интерес за Ван де Бек покажува Џирона, која беше хит минатата сезона во Примера и оваа сезона ќе настапува во Лигата на шампиони.

Џирона за неговиот потпис ќе плати 500.000 евра, а во зависност од бројот на настапи на Холанѓанецот во Шпанија оваа сезона, зделката може да се искачи на 4-5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…