Дома Фудбал Останато Ван Гал тврди: Де Јонг нема да се прилагоди во Барса!

Ван Гал тврди: Де Јонг нема да се прилагоди во Барса!

Легендарниот холандски тренер Луис Ван Гал смета дека Френки Де Јонг ќе има големи тешкотии да се прилагоди во толку голем клуб, како што е Барселона.

„Мислам дека ќе му биде тешко таму и дека ќе има големи проблеми, и тоа не само поради втората позиција во екипата, туку ќе има потешкотии и да влезе во првиот состав. Верувам дека можел да одбере подобра дестинација за продолжување на кариерата, изјави Ван Гал.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Мислењето на пензионираниот холандски стратег има„тежина“ ако се знае дека во неговата богата кариера водел многу големи клубови и репрезентации, меѓу кои и Барселона.

Де Јонг имаше понуди од многу клубови, но избра да се пресели во Барселона која за неговиот потпис му плати на Ајакс 75 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти прв разбра каков товар го чека Модриќ, го замоли Перез и доби ладен одговор: “Не!”

Карло Анчелоти се соочува со потенцијално отпуштање од клупата на Реал Мадрид и неговото з…