Дома Фудбал Италија Ванда уживаше во поразот на Интер: Честитки Милан!

Ванда уживаше во поразот на Интер: Честитки Милан!

Милан синоќа на Џузепе Меаца во Дерби дела Мадонина го совлада Интер со 2:1.

Јунак на натпреварот беше Златан Ибрахимовиќ, кој со два гола му пресуди на поранешниот клуб и на Росонерите им ја донесе четвртата победа во низа на стартот од новата сезона.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Поразот на Интер едвај го дочека Ванда, сопругата и агент на Мауро Икради, кој сега игра во ПСЖ.

Ванда имаше недоразбирања со челниците на Интер, па сега ги “пецна“ сите на Меаца со пораката на Инстаграм во која им честиташе на “пријателите од Милано“.

„Без љубов нема дерби. Честитки за моите пријатели од Милано.“ – напиша Ванда после натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…