Дома Топ вести Ванда потврди: Икарди 100% останува во Интер!

Ванда потврди: Икарди 100% останува во Интер!


Финале Лига на шампиони: Манчестер Сити го „брка“ Пандев, Интер нема да се предаде! ↓↓↓



Сопругата на Мауро Икарди која што воедно е и агент на Аргентинецот, вели дека напаѓачот нема да го напушти Интер.

Икарди влезе во војна со навивачите на Интер кои што бараат да му биде одземена капитенската лента, а медиумите шпакулираат дека поради ваквата ситуација Аргентинецот на крајот на сезоната ќе си замине од клубот.

Сепак, неговата сопруга и менаџер, Ванда Нара ги демантираше таквите тврдења и потврди дека Икарди 100% останува во Интер.

„Нема да си замине од Интер, ќе остане 100%. Ќе остане капитен и тука нема никакви дилеми“, порача Ванда.

„Мауро имаше прилика да си замине од Интер минатото лето, но тој одлучи да остане затоа што многу го сака клубот“, додаде сопругата на напаѓачот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан и Рома во битка за потписот на Тилеманс

Финале Лига на шампиони: Манчестер Сити го „брка“ Пандев, Интер нема да се предаде! ↓↓↓ Пл…