Дома Фудбал Хаос на СП: „Заробените“ Уругвајци бесни на ФИФА!

Хаос на СП: „Заробените“ Уругвајци бесни на ФИФА!

Фудбалскиот сојуз на Уругвај ја обвини ФИФА за компликации и повеќечасовно доцнење на патувањето на репрезентацијата кон САД, каде ги очекува првиот натпревар на Светското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Уругвај требаше да отпатува од Канкун до Мајами, но летот, според информациите од Уругвај, се соочил со административни проблеми поради кои авионот не добил дозвола за влез во САД.

Поради тоа беше организиран нов лет, што ги помести патните планови и го доведе во прашање оптималното подготвување на екипата.

Репрезентацијата на Уругвај треба да се сретне со Саудиска Арабија во првото коло од групната фаза во Мајами во понеделник во 18 часот по локално време, но стигнаа во Соединетите Американски Држави само 24 часа пред натпреварот.

Уругвај во официјалното соопштение наведе дека проблемите биле „надвор од нивна контрола“, како и дека новиот термин за тргнување бил одреден во координација со ФИФА.

Потоа, од Уругвај беше потврдено дека одговорноста за доцнењето им се препишува на ФИФА, додека светската куќа на фудбалот ја отфрли обвинувањето и тврдеше дека проблемот настанал поради грешка на авио-компанијата при издавањето на дозволите.

Во официјалниот одговор, ФИФА соопшти дека станува збор за „оперативна грешка на авио-превозникот“ и дека организацијата била во постојан контакт со уругвајската делегација за намалување на последиците од доцнењето.

.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јапонците повторно се хит: Славеа гол, па погледнете како ја исчистија улицата за 40 секунди (Видео)

Светот повторно се воодушеви од дисциплината и културата на јапонските навивачи. Како ПАМЕ…