Дома Фудбал Реал Мадрид ја активираше првата летна „бомба“ од 60 милиони евра!

Реал Мадрид ја активираше првата летна „бомба“ од 60 милиони евра!

Реал Мадрид официјално го потврди трансферот на левиот бек Марк Кукуреља од Челзи, објави шпанскиот гигант.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој шпански репрезентативец потпиша договор кој ќе трае до летото 2032 година. Според медиумите, вредноста на трансферот изнесува 60.000.000 евра, од кои 55.000.000 се фиксна сума, додека останатите 5.000.000 се во форма на бонуси.

Дваесет и седумгодишниот Кукуреља минатото лето го продолжи договорот со Челзи кој требаше да трае уште три години, но лондонскиот тим сепак се согласи на трансфер.

Во изминатите месеци неколку клуба изразија интерес за овој шпански дефанзивец. Имаше контакт и со Атлетико Мадрид и Барселона, а се шпекулираше дека и новиот тренер на Манчестер Сити, Енцо Мареска, бил заинтересиран за неговиот потпис.

Во Мадрид, Кукуреља ќе работи под водство на Жозе Мурињо, кој на почетокот од оваа недела се врати на кормилото на кралскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пике удри по Кукуреља: Ова боли, навивачите нема да му простат!

Марк Кукуреља, 27-годишниот лев бек, потпиша договор со Реал Мадрид, што предизвика бројни…