
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) започна истрага против ВАР судијата за време на натпреварот меѓу Германија и Курасао на Светското првенство, откако во живо преносот тој покажа расистички симбол.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пред почетокот на натпреварот, во телевизискиот пренос се прикажа просторијата за ВАР каде што беа тројца судии со задача да позираат неколку секунди додека се прикажуваат нивните имиња на екранот.
Во моментот кога камерата ја прикажа внатрешноста на ВАР просторијата, Австралиецот Шон Еванс со десната рака направи изопачен гест “ОК”, кој се поврзува со групи што промовираат расна надмоќ.
🚨ЛАЖЕН ГЕСТ🚨
— El Cantante Guerrero (@cantantearbitro) June 15, 2026
Ќе биде интересно дали комисијата на судии на ФИФА ќе го игнорира гестот на австралискиот ВАР судија Џон Еванс.
Се смета дека тој е симбол на Бела надмоќ. 👌
Можно е да не го видиме повеќе на светската сцена. pic.twitter.com/JDE1acNVih
Иако симболот “ОК” се користи обично за потврдување и е популарен емотикон, неговото прикажување на начин како што тоа го направи Еванс под појасот се смета за расистички чин.
Со оглед на тоа што ФИФА нема толеранција кон расизмот, постои можност 38-годишниот Еванс да биде исклучен од турнирот доколку се докаже дека навистина сакал да покаже симбол на расна надмоќ.
Австралиецот Шон Еванс направи потег кој го привлече вниманието од ВАР собата на Светското првенство pic.twitter.com/0HK0dWrE11
— Matt Vandenberg (@M1D3V) June 15, 2026