
Јапонија одлично го отвори Светското првенство, играјќи нерешено 2:2 против фаворизираната Холандија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Борбените „самураи“ покажаа карактер, после емотивната драма која ја потресе екипата и целосно ги обележа нивните подготовки за турнирот.
Пред патот на Светскиот куп, селекторот Хајиме Моријасу донесе исклучително храбра одлука, која ја шокираше фудбалската јавност во Јапонија – капитенот Ватару Ендо беше отстранет од списокот на патници.
Моријасу едвај ја издржа конференцијата на која ја соопшти болната одлука.
Како што пренесува јапонскиот „Никан Спортс“, селекторот бил видливо потресен за време на обраќањето пред новинарите и во еден момент емоциите целосно го совладале додека зборувал за одлуката да го прецрта капитенот од списокот за Светскиот куп.
Кога прашањата почнаа да се однесуваат на Ендо, ситуацијата стана уште потешка – Моријасу, според медиумите, заплакал и јавно се извинил за одлуката која ја шокираше јавноста.
“Имав чувство дека му соопштувам на тој момче нешто најужасно на светот. Не е овде повреден само Ендо. Чувствувам силна вина затоа што знам дека со ова ги повредив и неговото семејство кое го сака неизмерно, како и сите наши навивачи. Сакам јавно да им се извинам за тоа”, рече селекторот на Јапонија.