Дома Фудбал Валверде објасни зошто не функционира тандемот Меси – Гризман!

Валверде објасни зошто не функционира тандемот Меси – Гризман!

0

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде смета дека е нормално во оваа фаза да нема најдобра комуникација на теренот помеѓу Меси и Гризман.

Гризман ова лето пристигна на „Камп Ноу“ како најголемо засилување, но очигледно е дека не функционираат добро со првата ѕвезда во тимот, Лео Меси.

„Може многу да се зборува на таа тема, но според мене објаснувањето е просто. Гризман доаѓа од тим со друг стил на игра. Таму тој требаше да трча многу повеќе за да ослободува простор. Тој е одличен во тоа да успева да се ослободува за да може да ја добие топката“, објаснува Валверде.

„Кај нас е малку поразлично бидејќи ние повеќе внимаваме на пасовите и начинот на кој им бегаме на чуварите. Кога спринтираш и не ти подадат топка, должен си да се вратиш назад. Двајцата со Лео треба да се навикнат еден на друг, се уште е рано. Така беше и во првата сезона со Нејмар“, заклучи тренерот на Каталонците.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо ќе ги чести соиграчите вечера, за да се извини за скандалот

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо ги покани своите соиграчи на вечера за да се изв…