Дома Фудбал Останато Бура во С.Арабија: Најголемото дерби ќе го суди пријателот на Роналдо!

Бура во С.Арабија: Најголемото дерби ќе го суди пријателот на Роналдо!

Во првенството на Саудиска Арабија утре се игра најголемото дерби помеѓу Ал Наср и Ал Итихад, а пред овој дуел медиумите во оваа земја пишуваат за скандал.

Имено, за главен судија на овој натпревар делегиран е Матеу Лахоз кој е добар пријател со Кристијано Роналдо кој како што е познато сега го носи дресот на Ал Наср.

За јавноста во оваа земја недозволиво е Лахоз да делегира на толку важен натпревар во битката за врвот.

Ал Итихад и Ал Наср се најголемите клубови во земјата и меѓусебните дуели се познати како „вечно дерби“.  Ал Наср е лидер на табелата со 46 бода, Ал Итихад е втор со 44 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Германија не се истакна во дебито на Клоп, но беше на секунди од победа во Амстердам

Холандија и Германија одиграа 1:1 во натпревар од групата 2 во најсилната дивизија на Лига…