Кајри Ирвинг повторно е во центарот на нов скандал во НБА лигата. Причината се неговите коментиари кои ги даде надвор од кошаркарскиот терен.
Преку социјалните мрежи Ирвинг поддржа антисемитистичка теорија и став на аналитичар кој шири омраза кон Евреите. Откако не сакаше да се дистанцира од контроверзните мислења Бруклин го суспендираше.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Се обидувавме да му помогнеме на Ирвинг да разбере колку неговите зборови и дела се штетни за јавнсота и оштеството.
Сметавме дека преку едуциран пат ќе постапиме правилно и ќе направи чекор напред против омразата и нетолеранцијата. Денес сме уверени во спротивното, бидејќи Кајри за време на пресот одби недвосмислено да ги отфрли своите антисемитски убедувања.
За нас тоа е вознемирувачко и неприфатливо , наша одлука е тој да не биде тесно асоциран со Бруклин извесно време“, соопштија од Бруклин.
Со оваа суспензија Ирвинг нема да настапува за Бруклин на најмалку пет натпревари.