Дома Македонски спорт Мак фудбал „Брегалница ќе биде голем клуб, а не клуб за крадење како во минатото“

„Брегалница ќе биде голем клуб, а не клуб за крадење како во минатото“

ФК Брегалница полека го завршува летниот одмор подготвувајќи се за новиот старт на активностите пред новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. „Сините“ без апсолутно никакви проблеми во првата сезона во елитата по повеќегодишното второлигашко битисување веќе се промовираа како стабилен прволигаш, паралелно со очигледно забрзаното инфраструктурно средување на клубот, за првпат по повеќе од пет децении.

За се она низ што мина клубот изминативе години, за сите проблеми и аномалии кои мораа да се корегираат, по преземањето на новата раководна структура на чело со сопственикот Кирил Гогов, но и за се што го очекува во иднина низ амбициозните проекти отворено за клупскиот сајт на Брегалница зборуваше спортскиот директор на Брегалница, Никола Тонев.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Овој фудбалскиот проект ФК Брегалница стартуваше пред три години благодарение на сопственикот Кирил Гогов, кој е еден и единствен стопанственик од Штип кој имаше срце и желба да направи нешто навистина големо за клубот и фудбалот во градот. Повеќе од добро е познато дека Гогов во бизнисот секогаш и од најмалото зрнце создава империја, со трпение и упорност, па и во проектот околу изградабата на ФК Брегалница си дадовме временски период од околу пет години клубот да го поставеме на здрави темели, и во иднина да го доведеме до самоодржлив проект кој со помош на истакнати спонзори ќе се вивне во фудбалскиот врв на Македонија. А да бидеме реални, Брегалница никогаш во својата историја не била во тој врв“ – вели Тонев, веднаш дополнувајќи:

„Секако најпрво почнавме со чистење на сопствениот двор и сето ‘ѓубре’ во нашиот двор кое беше таложено долги години наназад. Тоа беше и најголемиот проблем за фудбалски Штип. Па, за да го средиме својот двор првпат во историјата се направија нови соблекувални и сместувачки апартмани за фудбалерите за кои може да ни позавидат и сите големи клубови. Се стартуваше со изградбата на најсовремената трибина во Македонија која наскоро ќе биде пуштена во употреба. Изградени и реконструирани терени за подготовки на кои може да им позавидат и најбогатите клубови кај нас, како Шкупи, Шкендија или до вчера Вардар“.

Согласно посакувањата и предвидувањата ФК Брегалница финансиски почнува да живее и од трансферите на своите фудбалери.

„За првпат во историјата на клубот реализирани се трансфери на домашната сцена со финансиска исплата на сметката на клубот. За првпат се добиени и отштети од реализација на интернационален трансфер. А, да не се потсетуваме дека во минатото сето тоа некои во клубот го реализирале за десет ќебапи и софри. Треба да знае и фудбалски Штип дека за првпат во историјата, правните служби на клубот успеаја да добијат постапка за играч кој бил во Брегалница и играл за странство, а до овој момент клубот претходно немал ништо. Што значи никој повеќе не може да си поигрува со рејтингот и реномето на Брегалница, а за исклучително краток период комплетно е променета сликата за ФК Брегалница и во Македонија и во регионот и пошироко – од криминал, интриги и лажење, сега до реализација на трансфери, резултатски успеси и напредок на младите играчи“ – истакнува Тонев.

„Сините“, по повеќе од пет години второлигашки настап, уште во првата своја сезона по враќањето во Првата лига потврдија дека и тоа како имаат што да демонстрираат резултатски меѓу елитата…

„За нас е гордост што во ниту еден клуб во Македонија во елитата во претходната сезона немаше толку многу домашни играчи како во Брегалница. Тоа ни е и тоа како важно, а секако не може да се каже дека и резултатски се потфрли ако се знае дека клубот долги години не успеваше претходни ниту да обезбеди прволигашки статус. Па, да не се лажеме, секој второлигаш кој влегол веднаш испаѓал од лигата или се борел за бараж и опстанок. А нашиот клуб е стабилен прволигаш, кој сакаме со текот на времето да дојде во реална позиција за борба за Европа. Се гордееме и што најмногу наши штипски деца имаа настап на официјален натпревар, а притоа потпишани се професионални договори со бројни членови на младите категории кои се осигурани како иднина на клубот. Истото тоа ќе продолжи и со засилена динамика“ – вели спортскиот директор на Брегалница.

Тонев, открива дека изминативе години се откриени и бројни малверзации во младинските категории.

„Во младите категории кои беа во Втора лига имаше промени на тренери бидејќи постојано имавме реакции на родители за манипулации и крадење финансиски средства, реквизити и слично. Даваните стипендии, пак, биле делени по половина со тренерите, што е апсолутно недозволиво. Е сега младите категории се на цврста основа и се во Супер лига и на доброто 5. место, од каде проникнуваат многу репрезентативци. Ако добро се потсетиме никогаш Брегалница не давала двајца стандардни репрезентативци, а сега го има и капитенот на младата репрезентација. Истото ќе продолжи и во иднина, продолжувајќи со создавањето млади фудбалери за сите репрезентативни категории“.

ФК Брегалница неодамна го заврши трансферот на Мартин Стојанов, но сигурно ќе биде отворена портата и за други таленти за фудбалски напредок од кој ќе добие и клубот и македонскиот фудбал воопшто.

„Се надевам за ден-два и Јован Манев ќе направи трансфер. Значи, треба да се радуваме што клубот е на фудбалската карта и интересен за трансфери на младите играчи“.

Но, секако се размислува и на засилувањата на тимот за новата сезона.

„Низ актуелниот период преговараме со неколку играчи од Македонија и странство и во брзо време ќе бидат промовирани нивните имиња. Затоа треба време и трпение за сите љубители и поддржувачи на нашата Брегалница да биде ГОЛЕМ КЛУБ, а не клуб за шеми, манипулации и крадење“ – завршува Никола Тонев.

Извор: ФК Брегалница

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…