Екипата на Брајтон иако со претходниот трансфер на Мет О’Рајли ја надмина границата на потрошени 200 милиони евра, не застана тука.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Галебите“ го потврдија и трансферот на турскиот репрезентативец од редовите на Фенербахче, Ферди Кадиоглу.
За неговите услуги Брајтон плати сума од 33.5 милиони фунти и тоа е рекорд на еден излезен трансфер од турската Суперлига.
Со Брајтон, Кадиоглу потпиша договор на четири години и истиот има опција да биде продолжен на уште една сезона. Платата која ќе ја заработува во премиерлигашот ќе изнесува 2.5 милиони фунти по сезона.
Инаку, станува збор за фудбалер кој е роден во Холандија и кариерата ја започна во НЕЦ Нијемеген, а во 2018 година се пресел иво Фенербахче. За турскиот клуб одигра 204 натпревари во сите натпреварувања.