Eкипата на Брајтон го потврди рекордниот клупски трансфер во кој пристигнува Жоржињо Рутер за кого на Лидс Јунајтед му платија 40 милиони фунти.
22-годишниот Бразилец со Брајтон потпиша договор на пет години. Во 66 настапи за Лидс Рутер пристигна осум голови по пристигнувањето од Хофенхајм во јануари 2023 година. Лидс тогаш го доведе за 36 милиони евра.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Летово Брајтон и тоа како беше актиен на трансфер пазарот и претходно ги доведе: Минтех, Вифер, Груда, Осман и Јалкује, на нив потроши 170 милиони евра.
Интересно е што Брајтон со оваа сума има потрошено повеќе пари од европски гиганти како: ПСЖ, Баерн, Атлетико, Барселона, Реал Мадрид, Јувентус, Рома, Милан…и тоа е уште еден доказ за финансиската моќ на клубовите од Премиер лигата.
Покрај Брајтон во овој преоден рок се истакна и Астон Вила со потрошени 176 милиони евра.