
Астон Вила официјално објави дека го има ангажирано швајцарскиот фудбалер, 20-годишниот играч од средниот ред, Јохан Манзамби, од Фрајбург. Според германски медиуми, англискиот клуб за овој трансфер платил 70 милиони евра, што ја прави оваа зделка убедливо најголем излезен трансфер во историјата на Фрајбург. Исто така, ова е рекорден влезен трансфер за Астон Вила.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На Светското првенство, Манзамби со својата извонредна игра за Швајцарија привлече внимание, постигнувајќи три голови и две асистенции, што го направи најефективен играч за својата репрезентација што испадна во четвртфиналето од Аргентина. Не играше во четвртфиналето, ниту во осминафиналната средба против Колумбија поради повреда.
Њукасл првично беше во комбинација како можен нов клуб на Манзамби, но на крајот Швајцарецот се приклучи кон Астон Вила, премиерлигашки конкурент. Професионалната кариера ја започна во Фрајбург, каде во претходната сезона беше истакнат како најдобар играч.
Во 47 натпревари постигна седум голови и даде девет асистенции, со што ја предводеше екипата до финалето на Лигата на Европа, каде што токму противникот Астон Вила славеше со 3-0. Астон Вила ја заврши претходната сезона на четвртото место во Премиер лигата. Следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.