Џанлуиџи Донарума иако има само 17 години е стандарден голман на Милан и веќе е италијански репрезентативец, па несомнено важи за еден од најталентираните голмани во светот.
Многу клубови го посакуваат Донарума во своите редови, а неодамна се појавија шпекулации дека Јувентус сака да го доведе како наследник на Буфон.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Сепак, неговиот брат Антонио Донарума, кој исто така е голман, тврди дека Џиџио никогаш нема да заигра за Јуве и ќе остане во Милан уште долги години.
„Мојот брат никогаш нема да игра во Јувентус. Нема причина да го напушти Милан. Често разговараме и пресреќен е што игра за тимот кој го сака од дете“, изјави Антонио Донарума.