Дома Фудбал Лига на шампиони БРАВО АЈАКС: На гостување во ЛШ ќе одат со воз поради чист воздух

БРАВО АЈАКС: На гостување во ЛШ ќе одат со воз поради чист воздух

0

Ajaкс продолжува да прикажува убави примери во фудбалот.

Овој пат не се причина нивните резултати туку одлуката на раководството на гостувањето против Лил во петото коло од Лигата на шампионите фудбалерите да патуваат за воз. Не е прв пат некој клуб да оди на гостување на тој начин, но холандскиот гигант ги собра симпатиите затоа што на тој на чин се приклучи на борбата за зачувување на животната средина.

Возовите секако помалку загадуваат од класичните превозни средства како што се авионите и автобусите, па тоа е деталот по кој се водеа на „Јохан Кројф“.

„Им благодариме на железницата на Холандија и компанијата Еуростар кои го овозможија ова патување. Живее во време на глобални климатски промени и на овој начин сакаме да покажеме дека сме свесни за опасноста и идејата е да покажеме пример за другите. Лил е одлична дестинација за патување со воз. За нашиот тренер Ерик Тен Хаг и членовите на неговиот стручен штаб ова е важно затоа што ќе имаат повеќе комфор и поефектно ќе стигнат до целта“, изјави Едвин Ван Дер Сар, директорот на холандскиот тим.

Инаку, одалеченоста помеѓу Амстедам и Лил е околу 700 километри.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Македонија – Израел: Време е за победа и прекин на „црната серија“ со Израел

Македонија ги завршува квалификациите за пласман на Европското Првенство на домашен терен …